Левица оддаде почит на загинатите во Вејце – „Да го издигнеме фениксот на чедната младост и жртвената љубов за татковината“

„Ден, кога и вжештеното сонце се скри зад високата Шара за да не ја гледа заседата поставена за осумте младичи, кои беа вистински родољуби и не ја жалеа младоста за татковината“ – стои во објавата на Левица каде партијата информираше дека во чест на загинатите бранители кај Вејце положија свежо цвеќе на местото на заседата.

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо цвеќе, се поклони и оддаде почит делегација на Левица, предводена од: Реџеп Исмаил потпретседател на Левица, Андреа Јанков член на ЦК и модератор на сектор урбанизам. Дарко Ристов член на ЦК и модератор на ИТ сектор, Игор Димески носител на ИЕ6, модератор на сектор Енергетика и советник во град Скопје. Цвеќе положија членови и активисти на Левица – Тетово и бранителите од 2001 година, како и Левица – Брвеница и модераторот на ЛО – Гостивар, Дарко Грујовски, информираа од партијата.

„Народот македонски го има врежано во својата колективна меморија најгрозоморниот, крвав чин во поновата историја – Вејце. Тие заслужуваат достоинствен спомен-дом за кој Левица ќе се бори со секој свој атом на силата. Левица од позиција на власт и со заеднички сили, народни и братски ќе го издигне фениксот на чедната младост и жртвената љубов за татковината! Ќе блеснат дур Универзумот осумте бели столба на Македонија“, стои во објавата на партијата.

Носителката на листата од Левица во петтата изборна единица Јована Мојсоска, заедно со дел од партиските функционери оддадоа почит на загинатите во Вејце, во Битола.

„Во нивна чест, денес во Битола беше посетен Споменикот на Бранителите, од Генералниот секретар и Носител во ИЕ5 Јована Мојсоска, Советникот Горан Велевски и Секретарот на ЛО Битола Бранислава Стојановиќ. Положено беше свежо цвеќе и беше оддадена почит на загинатите. Членови на ЛО Битола го посетија и родното место на Илче Стојановски, Породин. Положија свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите од Вејце и присуствуваа на настанот оджржан во чест на Бранителот Илче Стојановски“, стои во објавата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот