Во Газа за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во сите конфликти во последните четири години

Газа експлозии / Фото EPA-EFE/MOHAMED HAJJAR

Убиени се 30.000 луѓе – од нив 13.000 се деца. Во појасот Газа, за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во сите светски конфликти во последните четири години – објави шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини.

„За шест месеци се убиени повеќе од 30.000 луѓе. Знаеме дека меѓу нив има 13.000 деца. Знаеме дека во Газа за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во сите конфликти во светот во последните четири години. Затоа е без преседан и според обемот, како и по степенот на уништување, вели Лазарини во интервју за ТАСС.

Тој додаде дека вкупно 180 работници на УНРВА се убиени во енклавата од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и дека не ја исклучува можноста правдата да се бара пред Меѓународниот кривичен суд за смртта на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот