Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво

Фото: Принтскрин youtube,

38,7 отсто поддршка за американскиот претседател Џо Бајден  во текот на неговиот 13-ти квартал на функцијата, покажува неодамнешното истражување на јавното мислење на Галуп.

Во првиот квартал од 2024 година, Бајден (81) доби поддршка од 38,7 отсто од анкетираните, три отсто помалку од поддршката што ја имаше претседателот Буш во истиот период од неговиот мандат, пренесува „Њујорк пост“.

„Околу шест месеци пред изборите, Бајден е во послаба позиција од кој било претходен претседател“, заклучија анкетарите на Галуп.

Истото истражување покажува дека поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се натпреварува со Бајден за втор мандат во Белата куќа, добил поддршка од 46,8 отсто од анкетираните, пренесува МИА.

Њујоршкиот дневен весник наведува дека и двајцата (непопуларни) претседатели Никсон и Картер имале поголема поддршка од Бајден, со 53,7 отсто, односно 47,7 отсто, додека претседателот Двајт Ајзенхауер имал најголема поддршка во последните 70 години со дури 73,2 отсто.

Резултатите од анкетите на Галуп за јавна поддршка на американските претседатели, кои се спроведуваат од почетокот на мандатот на Ајзенхауер во 1952 година, се силен показател за успех за кандидатите кои сакаат да добијат втор мандат во Белата куќа, според „Њујорк Пост“.

Историски гледано, секој претседател во изминатите седум децении со поддршка над 50 отсто успеал да добие втор мандат, освен Барак Обама кој победи во 2012 година со 46 отсто поддршка на шест месеци пред изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот