Драма пред Градското собрание во Виена: Маж се полеал со бензин и извикал „Алаху акбар“ (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Мажот е уапсен, нема детали за неговиот идентитет.

На влезот во Градското собрание во Виена еден маж се полеал со бензин и извикал „Алаху акбар“, пред да биде совладан од чуварите.

Портпаролот на полицијата Маркус Дитрих пренесе дека осомничениот со велосипед дошол пред собранието и канистерот бензин го истурил пред влезот во зградата, а потоа, според очевидци клекнал и почнал да се моли.

Чуварите во Собранието успеале да го совладаат пред да го запали истуреното гориво и го предале на полицијата која го уапсила.

Други детали за овој случај во центарот на Виена засега не се познати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот