Драма каква што немало никогаш досега: 30 екипи во последното коло ќе играат за нокаут фаза во Лигата на шампионите
Реакциите на навивачите за новиот лигашки формат на Лигата на шампионите се поделени, некои критикуваат, други имаа пофалби, но едно е сигурно – неизвеснот има до самиот крај.
Препорачано
До крајот на лигашката фаза останува да се одигра уште само едно коло, а дури 30 од вкупно 36 учесници ќе имаат за што да се борат во последните 90 минути. Арсенал и Баерн веќе си обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи, што носи директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Речиси сигурно е и дека Арсенал ќе ја заврши фазата на првото место, па двата тима ќе го дочекаат последното коло без резултатски притисок.
Покрај клубовите од врвот, без мотив во завршницата се и четирите екипи на дното од табелата кои веќе ги загубија сите шанси за продолжување во натпреварувањето. Станува збор за Ајнтрахт, Славија, Виљареал и Каират. Сите останати 30 тимови ќе водат битка, било за место во Топ 8, кое води директно во осминафинале или за позициите од 9. до 24. место, кои обезбедуваат настап во плеј-офот за пласман меѓу најдобрите 16.
Најголеми шанси да заврши меѓу осумте најдобри има Ливерпул, додека најмалку изгледи од екипите што сè уште теоретски се во игра има Борусија Дортмунд.
Јувентус, Интер, Борусија, Галатасарај, Карабах, Марсеј и Баер се речиси сигурни учесници во плеј-оф фазата, додека за екипите на Унион Сен-Жилоа и Ајакс ќе биде потребно вистинско чудо за да обезбедат продолжување на европската сезона.


