Сликата „Детето и неговите играчки – Габриел и синот на уметникот, Жан“ / Фото: ICP, incamerastock / Alamy / Profimedia

Досега невидена слика на Реноар, на која е прикажан син му Жан, продадена за 1,8 милиони евра

Досега невидено дело од францускиот импресионистички сликар Пјер-Огист Реноар, кое го прикажува неговиот син Жан, беше продадено за 1,8 милиони евра, на аукција во Париз, Франција, пренесува „Гардијан“.

Сликата со масло „Детето и неговите играчки – Габриел и синот на уметникот, Жан“ („L’enfant et ses jouets – Gabrielle et le fils de l’artiste, Jean“) никогаш претходно не била изложена или продадена.

Припаѓала на кумата на Жан, Жен Бодо, пријателка и ученичка на Реноар, која ја оставила сликата во наследство на своите наследници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drouot (@drouot_paris)


Се верува дека е насликана помеѓу 1890 и 1895 година, а на неа е прикажан вториот син на уметникот како седи со својата дадилка.

Жан стана светски познат филмски режисер и доби специјален Оскар за неговиот придонес во филмската индустрија во 1975 година.

Паскал Перен, историчар на уметноста и експерт за сликите на Реноар, изјавил дека ова дело е во исклучително добра состојба и не е подложено на никаква реставрација. Аукциската куќа „Друо“ изјавила дека сликата ја купило лице од странство, но не го откриле нејзиниот идентитет.

Се проценува на 1 милион долари: Слика на Реноар, на која е прикажан син му Жан, ќе биде понудена на аукција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот