Facebook

Дорис Драговиќ искрена во врска со бракот: „Лесно е да се каже – тој е виновен, не сум јас“

Дорис Драговиќ е една од најценетите и најомилени пејачки во регионот, која е присутна на сцената повеќе од четири децении. И ова лето го поминува работно, споделувајќи емоции и радост со своите обожаватели на секогаш добро посетените концерти. По 16 години, наскоро ќе биде објавен новиот албум на харизматичната дива. Таа зборуваше за него и за некои делови од нејзиниот приватен живот, пренесе Tportal.hr.

Новиот албум на Дорис Драговиќ го потпишува Иван Хуљиќ, а познатата сплиќанка признава дека „малку се двоумеле“ и дека „летото не е баш погодно за презентација на нов материјал“ и дека со првите малку „помирни“ денови и тоа ќе дојде на ред.

Таа е во својата 7-ма деценија од животот, но не ѝ недостасува енергија. Смета дека тоа е „Божја волја и дека ќе работи сè додека има смисла“. Благодарна е, вели, за секој ден, за секоја година. Нејзината најголема поддршка е нејзиниот сопруг Марио Будимир, поранешен легендарен капитен на ватерполо клубот Јадран, со кого е во брак повеќе од 35 години и го имаат синот Борна.

„Она што мора да го знаеме и што е дефинитивно е дека ние самите одлучуваме за сè. И ако не ни изгледа така, и ако понекогаш ни е лесно да кажеме „тој е виновен, таа е виновна, не сум јас“, ние сме сами во тоа. Одлуките се наши, ние одлучуваме во која насока ќе оди нашиот живот, колку цврсто ќе ги држиме јажињата кога ќе стане тешко. Тоа е наша волја, наш избор“, изјави таа за In Magazin.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот