Донфрид се сретна со Рама и Алибеај во Тирана

ФОТО : Анадолија\ Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид

Помошникот секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, која синоќа од Скопје допатува во Тирана, денеска првата средба ја оствари со премиерот Еди Рама.

Во отсуство на официјална информација, албанските медиуми наведуваат дека во фокусот на разговорот со Рама биле надворешната политика и интеграциите во ЕУ, кризата во Украина и интеграцијата во Европската унија, но и политичките случувања во земјата, како и реформите во правосудството и борбата против корупцијата.

По средбата со Рама, придружувана од амбасадорката Јури Ким, Донфрид се сретна со делегација на опозициската Демократска партија(ПД), предводена од вршителот на должноста претседател, Енкелејд Алибеај.

Бидејќи седиштето на партијата го презеде Сали Бериша, кој за утре има закажано изборно собрание, средбата се одржа во просториите на Претседателството на албанскиот Парламент, по која изјава даде Алибеај.

Таа рече дека на средбата станало збор за пречките со кои се соочува Албанија, главно за борбата против корупцијата. Тој ја нагласи поддршката што Донфрид ја дала за Демократската партија, како „проамериканска опозиција која гледа кон иднината”.

– Задоволство ни беше што се сретнавме со помошникот секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, на една пријателска средба со моите и нејзините колеги. Разговаравме за пречките со кои се соочува Албанија. Разговаравме за прашања од правото и борбата против корупцијата и ја изразив нашата решеност да ги придвижиме напред. Ја забележав и видов големата поддршка што ја имаат за ДП и покрај ситуацијата низ која минуваме. Добив поддршка за силна стабилна опозиција за проамериканска опозиција која ја гледа иднината. Ова се важни прашања, рече Алибеај.

Како што јавуваат албанските медиуми, со изборот да се сретне со Алибеај, Донфрид јасно ја кажа веќе познатата американска позиција дека доколку Сали Бериша, прогласен за непожелен од САД во мај минатата година, го преземе раководството на најголемата опозициска партија, нема соработка со неа.

– Но, се чини дека поранешниот албански претседател и експремиер, Бериша, не е единствениот заобиколен од Американците. На неколку метри од канцеларијата на Собранието се наоѓа уште една важна зграда во државната хиерархија, онаа на претседателот, но Илир Мета и овојпат не е вклучен во американската агенда, наведува Топ чанел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот