Донев: Изборите во Бугарија ќе бидат фер и транспарентни

Фото: МИА

Денешните парламентарни избори во Бугарија ќе бидат организирани според највисоките меѓународни стандарди, изјави техничкиот бугарски премиер Галаб Донев на средбата со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.

Донев изразил надеж дека на изборите ќе има висока излезност.

За време на разговорите во зградата на бугарската Влада, претставниците на ПССЕ беа информирани за постапките на техничката влада во врска со организацијата на претстојните парламентарни избори. Главен акцент беше ставен на сигурноста на машинското гласање, мерките за кибер безбедност, како и на напорите на Министерството за внатрешни работи на Бугарија против купувањето гласови.

Регистриран е и зголемен број отворени избирачки места во странство, што на бугарските државјани надвор од земјата им дава можност да гласаат во максимален број.

Бугарскиот технички премиер посочи дека меѓународните набљудувачи на изборите во земјата, вклучувајќи ја и мисијата на ПССЕ, даваат дополнителни гаранции за правичност на изборите.

Донев посвети посебно внимание на извештаите на ПССЕ, кои секогаш се карактеризираат со објективност. Тој ја изрази подготвеноста на неговата влада да обезбеди помош за успешно спроведување на мисијата на ПССЕ во Бугарија, во согласност со сегашното законодавство.

На средбата присуствуваа вицепремиерот и технички министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и министерот за е-влада Георги Тодоров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот