Донесени одлуки за испраќање припадници на Армијата во мисиите „Алтеа” и „Одлучна поддршка”

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Пратениците денеска ја почнаа 114. седница на која донесоа одлуки за испраќање на припадници на Армијата во мировните мисија „Алтеа” во Босна и Херцеговина и „Одлучна поддршка” во Авганистан.

Во претпладневниот ден беа донесени и Законот за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанство и измените на Одлуката за основање на постојаните работни тела на Собранието.

Пратеници од опозицијата побараа да се тргнат од дневен ред Предлог-измените на Законот за данокот на добивка, Дополнетиот – закон за Инспекторатот за употреба на јазиците и Предлог-измените на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола со кој се предлага дислокација на седиштето на Правниот факултет од Кичево во Битола.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се расправа за Законот за Инспекторатот за јазици со цел прво да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија во Законот за употреба на јазиците, а потоа да се расправа за овој закон.

Пратениците продолжија со расправа по Дополнетиот предлог за измени на Буџетот во второ читање кој во моментот го образложува новата министерка за финансии Нина Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот