Донесени измените на Законот за одбрана

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

При донесувањето на законите за изменување на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни.

Со вкупно 80 гласови „за” и нути еден против, Собранието денеска во рамки на 123. седница го донесе Дополнетиот предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана.

Претходно, во рамки на 135. седница беа донесени Законот за јавно обвинителство, како и Законот за изменување и дополнување на Законот за Совет на јавни обвинители.

При донесувањето на законите за изменување на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни.

Во тек е 137. седница на која Собранието треба да се распушти во пресрет на изборите закажани за 12 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот