Фото: EPA/KEVIN DIETSCH / POOL

Доналд Трамп не ги слуша советите на лекарите: Сакам убава, разредена крв

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека зема поголеми дози аспирин отколку што му препорачале лекарите, наведувајќи дека тоа е причина за видливите модринки на рацете, кои во последните месеци повторно отворија прашања за неговото здравје. Американскиот претседател додаде дека лекарите му советувале помала доза, но дека тој со години зема поголема, истакнувајќи дека тоа може да предизвика појава на модринки, пренесува „Си-ен-ен“.

Во интервјуто, Трамп зборуваше и за контролите поврзани со здравјето во октомври, наведувајќи дека не станува збор за магнетна резонанца, туку за КТ преглед, кој, според лекарите, бил направен за исклучување на кардиоваскуларни проблеми и дал нормални резултати.

Претседателот исто така потврди дека има проблеми со оток на потколениците, за што Белата куќа претходно соопшти дека е последица на хронична венска инсуфициенција, и додаде дека не сака да носи компресивни чорапи ниту редовно да се занимава со физичка активност.

На прашања за ситуации кога делувал поспан на јавни настани и за својот слух, Трамп одговори дека не заспал, туку понекогаш ги затвора очите затоа што му прија, додека проблемите со слухот ги опиша како минимални.

Според оцената на „Си-ен-ен“, интервјуто се смета за едно од најопширните разговори што Трамп ги водел со новинарите за своето здравје, во момент на зголемено внимание од јавноста поради неговите години, способноста за извршување на функцијата и транспарентноста за медицинските податоци.

Модринките на неговата десна рака биле забележани и порано, но привлекле дополнително внимание откако се обидел да ги скрие со шминка и завои.

„Сакам убава, разредена крв“

Личниот лекар на Трамп, Шон Барбабела, изјави за „Волстрит џурнал“ дека претседателот секојдневно зема 325 милиграми аспирин.

Медицинските експерти истакнуваат дека аспиринот ја намалува коагулацијата на крвта, но ја зголемува ризикот од крвавење, поради што во последните години сè почесто се советува да не се прима секојдневно кај постари луѓе.

Истражувања покажуваат дека овој евтин лек може да помогне во спречување на ремисиите во случаите на луѓе болни од рак.

Професорот по медицина на Универзитетот Џорџ Вашингтон, Џонатан Рајнер, оцени дека изнесените информации отвораат повеќе прашања отколку што даваат одговори, наведувајќи дека е невообичаено една таблета аспирин дневно да предизвика такви модринки.

Барбабела, од своја страна, вели дека Трамп „останува во извонредна здравствена состојба“, истакнувајќи дека медицинските наоди покажуваат одлично метаболичко и кардиоваскуларно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот