Домашните првенства се поважни од Евро 2020

twitter/Il Napoli Online

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ), Габриеле Гравина, нема дилеми дека кога ќе се победи пандемијата на коронавирусот и животот ќе се врати во нормала, домашните првенства имаат приоритет пред Европското првенство.

Моментно поради пандемијата со коронавирусот, фудбалот е суспендиран во речиси сите европски држави.

– Никој не очекуваше дека ќе се соочиме со ваква состојба. Работиме со институциите, клубовите, Владата, не е лесно за никого. ФИЦГ покажа одговорност и постапи совесно покажувајќи чувство за колективна одговорност. Го чекаме состанокот на УЕФА во вторник, но ние имаме свој став, дека настапите на репрезентациите да ги прилагодиме кон клупските обврски. Ние сметаме дека прво треба да завршат националните првенства, па потоа да се размислува кога и како да се одигра ЕП – изјави Гравина.

Во Серија А се одиграни некомплетни 26 кола, а во моментов владее голема неизвесност за главните позиции како што се борбата за титулата, за пласман во европските купови и за опстанок. Гравина предложи да има плејоф и плејаут, но клубовите го одбија тој предлог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот