ДОМ бара засилени контроли и построги казни за загадувачите

Фото: МИА

Новиот Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарни извори во воздухот овозможува инспекторите построго да ги санкционираат загадувачите на воздухот.

Зелената партија ДОМ бара од државниот, градскиот и општинските инспекторати, засилени инспекциски контроли и санкционирање на загадувачите. Тоа ќе овозможи намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето на граѓаните.

Измената на Правилникот ја иницираше раководителот на градскиот инспекторат во Скопје, Мирослав Богдановски, откако минатата година при инспекциски надзор и извршено мерење биле утврдени покачени емисии од едно правно лице, а постојниот Правилник не давал можност за санкција. Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска организираше формирање на работна група за изменување и дополнување на Правилникот, во која учествуваа стручни лица од Министерството, акредитирани лаборатории, претставници на инспекторатите и здружението на граѓани О2 иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот