Доктор Снежана Рсовац препорачува: Што да правиме кога воздухот е многу загаден

Загаден воздух во Скопје
Загаден воздух во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Најстрашно е што кога ќе се вклучи „црвеното“ (а не е реткост ниту „виолетовото“) предупредување – нема многу што можете да направите за да се заштитите. Д-р Снежана Рсовац, пулмолог, за „Нова.рс“ дава неколку насоки како да се однесувате во овие услови.

Избегнувајте одење во време на најголемо загадување

„Познато е дека најголема концентрација на штетни честички во вазухот има во раните утрински часови и навечер. Затоа, избегнувајте пешачење и какви било активности надвор во тоа време“, советува д-р Снежана Рсовац.

Доктор Рсовац препорачува да ја следиме концентрацијата на загадениот воздух на релевантните апликации и веб-страници, кои ги покажуваат жариштата, но и во деловите од градовите во кои живееме. Во однос на овие информации, треба да се прилагодат и активностите на отворено.

Направете накратко промаја во домот

Дома не би било лоша идеја да имате прочистувач на воздухот, но важно е да го изберете оној кој е најдобар против загадувањето, а тоа не е воопшто мала инвестиција. Освен тоа…

„Секако дека мораме да ги проветруваме становите дури и кога надвор има смог. Најдобро е накратко да направите промаја и да се оддалечите од директното влијание на воздухот“, вели д-р Рсовац.

Дали треба да се носат маски надвор?

Маските, како што вели д-р Рсовац, не помагаат целосно, но не штетат.

„Тие маски не можат целосно да ги спречат малите честички да навлезат во респираторниот тракт, но се своевидна механичка бариера. Многу е важно маската да е сува. Таа не смее да биде влажна за да нè штити.“

Особено ранливите групи

Докторката зборува и за тоа кои високоризични групи треба да обрнат посебно внимание во овие денови на висока загаденост.

„Тоа се астматичари, пациенти со хронична опструктивна белодробна болест и кардиоваскуларни пациенти.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот