Дожд Гужва/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Доколку поминете на зелено, но останете заглавени на крстосница, очекувајте казна од 45 евра

По пуштањето на употреба на системот за евидентирање и санкционирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, во јавноста се отворија повеќе дилеми околу начинот на казнување при заглавувањето на оние семафорски крстосници каде возачите кои свртуваат лево треба да ги пропуштат оние кои одат право, а при чекањето семафорот се затвора и овие првиве остануваат заглавени на крстосницата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во емисија на ТВ21 изјави дека заглавувањето среде крстосница ќе се евидентира како посебен прекршок и нема да се води како поминување на црвено, туку како отежнување на движење на крстосница, што се санкционира со казна од 45 евра.

Тој предупреди дека иако граѓаните поминат на зелено, но поради метеж се најдат среде крстосница, тие сепак ќе бидат казнети.

Таквите случаи ќе бидат третирани како прекршок, но не како поминување на црвено, туку како забавување на сообраќајот на крстосница.

– Тој сообраќаен прекршок има друг третман. Нема да има третман поминување на црвено, туку забавување или отежнување на движење во рамки на крстосница, кој е посебно дефиниран, и мислам дека казната беше 45 евра. Значи возачот мора да направи проценка дека сообраќајот ќе се закочи ако помине на зелено светло, и ќе мора да застане. Имаше во тест периодот и такви ситуации, и камерите ве идентификуваат како да сте поминале на црвено, и покрај тоа што сте влегле на зелено. Но, сето тоа го отстранивме, и тој прекршок нема да биде констатиран како поминување на црвено, туку како угушување на крстосница – рече Тошковски.

Исто така, тој додаде дека во Скопје веќе се подготвува активирањето и на „паметен зелен бран“ кој ќе ги опфати сите булевари во градот, со што, според него, протокот на сообраќај ќе се забрза за 30 отсто.

Модерниот „зелен бран“ во Скопје ќе се активира рачно и по потреба, вели сообраќајниот инженер Дејан Трпевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот