Докиќ: Не секогаш се видливи одредени мали промени, дефекти во имунолошкиот систем

Пулмологот Д-р Дејан Докиќ во интервју за ТВ Сител изјави дека според него, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор. 

„Не секогаш се видливи одредени мали промени, дефекти во имунолошкиот систем, кој што се многу важни во вакви епидемии. Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран“, вели Докиќ. 

Вели дека со британскиот сој, шансите за заразување биле од 40 до 70 проценти поголеми.

За тоа зошто многу млади лица починаа од коронавирусот, Докиќ кажа дека секој од нас не знаеме каков имунолошки систем крие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот