Дојче Веле: Дали труењето на Навални е порака до сите противници на Путин?

EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Судбината на Навални ја нема таа тежина темелно да ги смени односите со Русија.

Се крена голема прашина откако берлинските лекари објави како тргнуваат од тоа дека Навални е отруен. Но сојузната влада очигледно не гледа големи можности за да преземе чекори против Москва, смета Јенс Турау, пишува Дојче Веле.

Навални бил отруен со воен агенс сличен на „новичок“

Во што треба да поверуваме во оваа приказна, а во што не? Можеби пред се треба да се изнесат фактите, оние кое се познати.

Алексеј Навални со години е еден од најпознатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин. Во текот на летот со авион во Русија губи свест и останува на лекување во една сибирска клиника. Лекарите прво зборуваат за „болест на метаболизмот“.

Нешто подоцна Навални во кома е транспортиран во Берлин, кога руските власти отпрво водеа недостојна расправа околу неговата способност за транспорт – очигледно за да се добие на време.

Дали наводниот отров во неговото телот требало да биде разграден пред лекувањето во Германија: Ако тоа било планот, тогаш пропаднал. На берлинските лекари не им требаше долго за да утврдат дека „најверојатно се работи за труење“.

Намерно предупредување на Русија?

Оттогаш се говори за едно тешко оптоварување на односите меѓу Германија и Русија. Навистина?

Што ако руската страна нема апсолутно ништо против наводниот напад со отров врз водечката личност од опозицијата на голема сцена на Западот да стане општопознато и да предизвика немир?

Во секој случај, јасното предупредување кон противниците на Путин ширум светот нема да наштети. А и инаку, рускиот претседател очигледно може мирно да спие.

Зошто, наводниот напад на критичарите на режимот, кој не е прв од тој вид, се случува во ситуација во која Европа, вклучувајќи ја и Германија, себеси не може да си дозволи остро да се соочува со Москва – Европа се бори со себе околу секое централно прашање, некогашното цврсто пријателство со САД им е расипано, барем додека Доналд Трамп е претседател, а на развојот на настаните во Белорусија Европјаните веќе подолго време гледаат со голема загриженост и немоќ.

Што ако Путин сепак интервенира на страната на Лукашенко, против кој протестираат стотина илјади Белоруси? Со други зборови: кој би можел да го спречи и на кој начин?

Да не ги споменуваме и постојаните препреки на пример околу спорниот гасовод Северен тек 2 кој многумина го критикуваат, не само од САД туку и во Европа. Колку и да звучи цинично, навистина е цинично: и покрај сите ограничени реакции на германските политичари, судбината на Навални ја нема таа тежина темелно да ги смени односите со Москва.

Нема санкции на повидок

И затоа реакцијата на сојузната влада е ваква – канцеларката Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас формулираат изненадувачка заедничка декларација и бараат објаснување. Но малку пред тоа портпаролот на владата побрза да објави дека канцеларката не го повикала официјално Алексеј Навални во Германија. Факт е дека болниот член на руската опозиција во Берлин  допатува на тропок на една невладина организација.

Да се надеваме деак берлинските лекари ќе успеат, дека Алексеј Навални без тешки последици ќе ја преживее и оваа криза, како и многу претходни. Но се чини дека промената на односите со Русија, дури и множни санкции не се на повидок. Токму како и остварувањето на желбата руската страна да учествува во расветлувањето на овој случај. Сето тоа е цинично и срамотно. Но моментално изгледа, дека така стојат работите, коментира Дојче веле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот