Додик до Федералната полиција: Ако се избањаат и исчешлаат, може да соработуваме

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик откри дека членовите на Федералната полиција (СИПА) вчера му се јавиле на телефон и го најавиле нивното доаѓање, но дека тоа не им било дозволено бидејќи тие не ги испочитувале процедурите, пишува Кликс.ба.

-Бараат да видат кој е претседател на СНСД, кои се членови на Главниот одбор, бараат да го видат Статутот на СНСД, како и некои други акти. Сето тоа го имате јавно достапно. Ама ок, ако кажат дека не применуваат насилство и претрес, тогаш нека ни напишат писмо, нека побараат документи, ќе им закажеме термин и нека дојдат. Сето тоа е вака чудно. Ако се однесувате учтиво, тогаш ќе добиете документи. Или ќе мора да упаднете. Можеби е најдобро народот да види какви се дивјаците. Значи, тие досега немаат добиено никакви документи – рече Додик.

Тој додаде дека тие бараат од сите да вршат притисок, но тој притисок понекогаш може да биде контрапродуктивен.

„Ако се избањаат и исчешлаат, и ако нема мирис од Сараево, тогаш можеме да соработуваме со нив“ вели Додик.

Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик првоосмничен за уривање на уставниот поредок

Видео на денот