Додев: Силекс сигурно ќе се прашува за исходот од мечот со Пелистер
Ако на домашен терен екипата на Силекс не го почна пролетниот дел најдобро, и нема ниту една победа со исход од едно реми и еден пораз во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), на гости кратовскиот тим подобро се снаоѓа.
Препорачано
Оствари триумф на гостувањето во Струга, а победи и во Кавадарци против Тиквеш пред неколку дена. Експедицијата сега се сели во Битола, каде што гостува кај Пелистер.
Битолскиот тим брка бодови за опстанок, Силекс е сигурен на четвртата позиција, но има намера до крај да се бори за влез во топ 3 екипите во Првата лига.
Натпреварот помеѓу Пелистер и Силекс ќе се игра денеска од 16.00 часот.
– Играме против Пелистер, кој е во ситуација каде му се неопходни бодови за опстанок, а за такво нешто сигурно ќе се прашува и Силекс. Пелистер игра добро, и пред својата публика ќе ги сака бодовите. Можеби домашниот терен е мала предност на противникот, но Силекс е најдобриот гостин и сигурно ќе се прашува за исходот на овој натпревар. Ги анализиравме, играа добар меч со Шкендија, а Силекс треба да го потврди својот квалитет како и на претходниот меч, и да дојде до победата. Се надевам дека ќе дојдеме до трите бода – изјави играчот на Силекс, Дарко Додев.


