Добри вести од болницата „Пирогов“: Оперираниот пациент од Македонија закрепнува и веќе се раздвижува

Фото: mia.mk

Четворицата повредени што останаа во болницата „Пирогов“ по несреќата на автопатот Струма се во добра општа состојба, соопштија од оваа здравствена установа.

Во моментов на Клиниката за изгореници и пластична хирургија има четворица пациенти, кои ноќта ја минале согласно очекувањата на медицинскиот персонал од болницата и без промена од вчера, извести „Пирогов“.

Пациентот сместен на Клиниката за неврохирургија непречено закрепнува и веќе се раздвижува. Тој беше подложен на две успешни операции – на потколеницата и на ‘рбетот.

Следува проценка на состојбата на жртвите и утврдување на можностите за нивно испуштање за продолжување на нивното лекување во Северна Македонија.

Македонските здравствени власти пациентите од „Пирогов“ очекуваат на скопските клиники да пристигнат  денеска во вечерните часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот