ДОБИТНИКОТ НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ОТКРИВА: Воениот пекол ми ја зголеми желбата за мир

Добитникот на овогодишната Нобелова награда за мир, премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед денеска изјави дека неговите застрашувачки искуства како млад етиописки војник ја зацврстила неговата одлучност да се обиде да го прекине долготрајниот судир со соседната држава, Еритреја.

Тој говорејќи во Градското собрание на Осло на церемонијата за прием на наградата посочи дека „војната е олицетворение на пеколот за сите кои се вклучени во неа”.

Ахмед пред 20 години беше радио оператор во единица на етиописката војска во пограничниот град Бадам.

– На кратко излегов од ровот во надеж да пронајдам добар прием за антената… Ми требаа само неколку минути. Сепак, по моето враќање во ровот, бев преплашен кога открив дека целата моја единици е елиминирана во артилериски напад – посочи премиерот на Етиопија.

Ахмед во октомври доби Нобелова награда за мир поради мировните напори со кои заврши дведецениското непријателство со Еритереја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот