Настанот ќе се одржи на 28 октомври, во 19 часот, во „Макка бар“

Добитничките на книжевната награда „Штефица Цвек“ ќе бидат претставени на трибината „Родот и градот“

По успешната прва сезона, трибината „Родот и градот“ се враќа со нова серија разговори кои ги испитуваат врските меѓу културата, феминизмот и градот како простор на мислење и отпор.

Во организација на Коалиција „Маргини“ на 28 октомври, во 19 часот, во „Макка бар“ ќе се одржи настан на кој низ разговор ќе бидат претставени Румена Бужаровска и Билјана Црвенковска, авторките од Македонија чиишто книги завршија во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година. Разговорот ќе го водат Марија Бошковска и Душица Лазова, кои оваа година беа дел од жирито на изборот.

Четвртото издание на книжевниот избор „Штефица Цвек“ собра повеќе од 100 наслови од регионот, барајќи ги оние што ќе внесат феминистичка и бунтовна енергија во современата книжевност. Во потесниот избор се најдоа дела што не тежнеат кон совршенство, туку кон немир – кон отворање простори за нови стварности и субверзивни читања.

– На овој настан ќе зборуваме за феминистичките гласови во литературата, за книжевноста како отпор, и за тоа како приказните можат да ги преобликуваат нашите заедници и светови – истакнуваат од Коалиција „Маргини“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот