Фото: EPA/BIEL ALINO

Доби критики од Мбапе, а потоа не одигра ниту една минута во три натпревари

Аргентинскиот фудбалер Франко Мастантуоно, членот на Реал Мадрид не одигра ниту една минута во последните три натпревари против Реал Сосиедад, Бенфика и Осасуна, додека Родриго и Џуд Белингам беа надвор од теренот поради повреди.

Мастантуоно ги одигра своите последни минути на гостински терен на Местаља на 8 февруари, кога влезе како замена, но потоа направи „фатална“ грешка.

Имено, во една акција не му ја подаде топката на Килијан Мбапе, кој му замеруваше за тоа, што беше видено и во преносот. Наводно се откри дека Мбапе упатил навреди кон Аргентинецот и остро го критикувал за таквата одлука.

Мадридските медиуми не сугерираат дека Арбелоа го отстранил Мастантуоно поради овој инцидент, но не го кријат фактот дека ги одиграл само тие девет минути и дека по критиките на Мбапе повеќе не бил на теренот.

Аргентинецот одигра 24 натпревари откако пристигна во Мадрид, постигна три гола и запиша една асистенција, и не може да се каже дека досега ги оправдал очекувањата. Тој пристигна од Ривер Плата во трансфер од 45.000.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот