До крајот на мај целосно вакцинирани ќе бидат 20 отсто од граѓаните во Грција

Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Проценките се дека до крајот на мај ќе бидат спроведени над 5.600.000 вакцинации, над 3,5 милиони сограѓани ќе имаат примено една доза, односно 34 отсто, а над два милиони ќе бидат целосно вакцинирани, односно 20 проценти, изјави портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брфинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Таа објасни дека досега се спроведени над 4,6 милиони вакцинации, функционираат 1.517 центри за вакцинација, кои во следните денови дополнително ќе се зголемат со учество на приватниот сектор, како и со отворањето на нови пунктови на островите.

Во однос на воведувањето задолжителна вакцинација за одредени категории, како што беше случај со припадниците на Специјалната единици за справување со катастрофи од противпожарната служба на Грција, Пелони рече дека тоа е првиот  чекор и го повтори ставот на грчкиот премиер дека од септември ќе започне дискусијата за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

За сценаријата, вакцинираните да имаат поголеми привилегии, портпаролката на грчката Влада истакна дека „не може да се отвори таква дискусија, ако не им се даде можност на сите граѓани од сите возрасти да се вакцинираат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот