До 13 часот излезноста изнесува 18,05 отсто — најмногу гласачи во Пробиштип, најмалку во Сарај и во Чаир
На ниво на цела држава, излезноста до 13 часот изнесува 18,05 отсто, односно 182.436 гласачи, соопшти Државната изборна комисија.
Препорачано
Тоа е благо намалување во споредба со првиот круг, кога излезноста во истиот термин беше 20,12 отсто.
Најголем интерес за гласање досега има во Пробиштип, со излезност од 36,66 отсто, а најслаб одѕив е забележан во Сарај (3,58%), Чаир (5,35%) и во Шуто Оризари (12,78%). Ниска излезност е регистрирана и во Куманово, каде до 13 часот гласале 13,34% од запишаните избирачи.
До 13 часот 15,28 проценти од гласачите гласале на вториот круг од локалните избори за градоначалник на Град Скопје, односно 71.849 луѓе, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Во споредба со првиот круг, забележан е помал одѕив, бидејќи тогаш на гласање излегле 20,07 проценти од скопјани.
Највисока излезност во главниот град е забележана во Карпош – 22,14%, а зад неа е Центар – 21,58%. Во Кисела Вода гласале 19,57% од избирачите, во Аеродром – 19,21%, додека во Ѓорче Петров излезноста изнесува 15,92%.
Во Гази Баба до 13 часот гласале 14,24%, во Бутел – 13,30%, а најниска излезност има во Сарај – само 3,57%. Во Чаир на гласање излегле 5,34% од граѓаните, а во Шуто Оризари – 12,78%.


