ДКСК ќе ги разгледува набавките на хеликоптерите и амбулантните возила

Хеликоптер на АРМ / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Државната комисија за спречување корупција оформи два предмети кои се однесуваат на постапката за јавната набавка на медицинските возила преку Министерство за здравство и за јавната набавка на хеликоптери преку Министерството за одбрана.

Новата претседателка на ДКСК Татјана Димитровска во вчерашното гостување на МРТ соопшти дека по обезбедување на фактичката состојба и докази соодветно ќе донесат одлука.

ВИДЕО: Армијата се модернизира со осум италијански хеликоптери, набавката тежи 230 милиони евра

Во Македонија до крајот на 2028 година треба да пристигнат вкупно 8 повеќенаменски хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо Хеликоптерс“. Првиот доаѓа во втората половина на 2026 година, па сукцесивно како што ќе се произведат, ќе пристигнат во државава. Јавната набавка на овие воздухоплови е тешка 230 милиони евра.

Станува збор за четири хеликоптери од типот АW149 и четири од Типот АW169M, а првата рата од авансното плаќање во износ од околу 36,8 милиони денари односно 14 проценти, кај реномираната италијанска фирма.

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Опозицијата побара Владата да ја стопира набавката за транспортни хеликоптери во изборен период и дека за тоа треба да одлучува идната влада.

Според ВМРО-ДПМНЕ надвор од секое нормално делување е СДСМ и ДУИ вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска е уверена во исправната одлука на тимот на професионалци, кои ја донеле одлуката за набавката на хеликоптерите од италијанската компанија „Леонардо“ и верува во нивната стручност.

Петровска истакна дека во еден од овој договор и таа е потписник, а својот потпис го ставила бидејќи верува во луѓето кои го спроведоа овој процес.

Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“

За предметот што се однесува на постапката за јавна набавка на медицинските возила преку Министерство за здравство, во емисијата на  „360 степени“ беа објавени стории дека МЗ купува 22 амбуланти возила по цена од 90.000 евра за парче.

Проблемот во целата работа е што речиси исти такви возила, пред еден месец, ни подари Европската Унија. Но, Делегацијата на ЕУ ги набавила далеку поевтино, за околу 63 000 евра за парче.

На тендерот на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила се пријавиле само двајца понудувачи, но со драматично различни понуди во цената. Поевтината била дисквалификувана, па де факто е избрана поскапата.

Фирмата што не ги исполнила барањата на тендерот на Здравство е, всушност, истата која неодамна победила на тендерот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, која купи седум амбулантни возила и ги подари на скопската Итна помош. Возилата кои ги купи ЕУ и возилата кои сака да ги купи Здравство се разликуваат незначително во медицинската опрема, но разликата во цена е огромна – пишува „360 степени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот