„Диви“ се врати во Македонија, потпиша за Пролет

Фото: rkprolet.mk

Поранешниот репрезентативен чувар на мрежата се враќа назад на македонската ракометна сцена, доаѓајќи од германскиот клуб Ратинген.

Тинекс Пролет на својот клупски сајт потврди дека го комплетираше трансферот на долгогодишниот македонски репрезентативец, Петар Ангелов. Искусниот чувар на мрежата се враќа назад на македонската ракометна сцена, доаѓајќи од германскиот клуб Ратинген.

Неколку понуди имаше на негова адреса, ја избра онаа на РК Тинекс Пролет со кој потпиша договор на една и пол сезона.

Ангажманот на овој ракометар на најдобар можен начин ги отсликува амбициите со кои тимот ќе влезе во вториот дел од сезоната.

Пролет е отворен за ангажман на допополнителни засилувања во наредниот период. Големо освежување ќе биде и враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.

Ангелов или познат и како „Диви“ ја почна професионалната кариера во 1997 година во Тиквеш. Потоа тој настапуваше и за Пелистер, Вардар и Металург на домашната сцена, а има настапувано и неколку земји ширум Европа, за Трембле во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот