Директорот за развој на вакцината во САД: Албанија е шеста во светот со дневната инициденца, треба да прави 12.000 тестови дневно

Директорот за развој на Geo Vax вакцината во САД, Арбан Доми правејќи споредба на бројките за дневна инциденца на заразени со ковид-19 во неколку земји во светот и регионот, оценува дека моментно Албанија е на шестото место во светот.

– Во однос на дневната инциденца, Албанија е шеста во светот и е единствена во регионот со овие бројки. Првите земји почнуваат со 47 проценти, додека Албанија е со 23, Србија има 16,  додека Словенија има само три проценти, изјави тој за Ора њуз телевизија преку скајп врска.

Додава дека оние земји кои имаат направено помалку тестови имаат најголема дневна инциденца, наведувајќи дека во Албанија тестирани се 14,2 отсто од популација, но другите земји во регионот се со над 40 отсто и имаат „корелација помеѓу тестовите и реалната инциденца”.

-Ова значи дека Албанија во моментов, според мене, мора да прави трипати повеќе тестови дневно. Дневно во просек се прават по 4.000 тестови, а мора да се направат најмалку 12.000 тестови. Половина од нив треба да се направат во Тирана и илјадници други во области каде што исто така има голема концентрациј на население, посочува тој.

Се задржува и на прашањето околу официјалната бројка на починати од Ковид-19(1.617 лица заклучно со вчера), за која дел од експертите и опозицијата сметаат дека не е реална и е неколкупати повисока.

– Шпекулациите за бројот на смртни случаи ќе продолжат сè додека нема транспарентност. Потребна е посебна анализа а шпекулациите не треба да имаат политичка позадина, смета тој.

Во Албанија до сега направени се 428.654 тестови, вирусот е дијагностициран кај 96.838, оздравеле 60.675, активни на болеста се 34.546 додека починале 1.617 лица. Вчера беа регистрирани нови 1.112 случаи.

Државниот врв е сериозно загрижен: Во Албанија од јануари ковид-19 дијагностициран кај 700 деца, ситуацијата оди кон национална катастрофа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот