Директорот на ФК Шкупи: Не сакам со мојот данок да го спонзорирам Вардар

Фото: Omer Bunjaku/Фejсбук

Денес Град Скопје донесе одлука да му се доделат 15.000.000 денари или околу 243.000 евра на најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Секако дека ваквата одлука предизвика задоволство кај фановите на Вардар, но истовремено реагираат и оние кои не се задоволни. Уште при донесувањето на одлуката во Советот на Град Скопје реагирале албанските пратенци кои истакнале дека ако се дава пари на Вардар треба да се даде и на Шкупи.

Попладнево на социјалните мрежи се огласи и директорот на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој истакна дека не сака данокот кој тој го плаќа да се користи за помош на Вардар додека во Скопје има и четири други клубови.

„Кај нас е задолжително сите клубови да преминат во Акционерско друштво, значи ќе имаат свои спонзори, вклучително и некои други начини кои доаѓаат како помош од самата држава.

Но, не сакајќи да се занимава со темата акционерски друштва, Советот на Град Скопје како да заборава дека нема право да ги дели клубовите.

Ова го велам, затоа што во Првата лига нa Македонија, само од градот Скопје, во моментов се натпреваруваат четири клуба, Шкупи, Македонија Ѓ.П. , Работнички и Скопје, додека токму Советот на град Скопје, со поднесување на амандманот од советници на ВМРО и дел од советниците на СДСМ одлучија да му помогнат на клубот Вардар со 15.000.000 денари, кој се натпреварува во Втората лига. Овој клуб сега веќе не му припаѓа на градот, туку е во приватна сопственост.

Зарем избраните во Градското собрание заборавија (освен Албанците кои не го поддржаа), дека не сите скопјани го сакаат Вардар и дека не сакаат парите од данокот да им одат во клубот што не го родила мојата мајка.

Со оглед дека плаќам данок, не сакам да го спонзорирам и финансирам клубот Вардар, а ние да земеме помалку кога и ние како клуб што се натпреваруваме во Првата лига имаме голема потреба од помош од градскиот буџет, чиј сеф е исполнет со огромни средства.

Време е, избраниците во градот да не бидат за едни мајка, а за други маќеа, секој да се труди да си ги исполни обврските според работните места што ги добил. Всушност, советниците на ВМРО и дел од советниците на СДСМ со овој чин не му помагаат на клубот Вардар, туку директно на неговите нови сопственици“, стои во реакциите на Буњаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот