Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Директорот на ЦИА слетал во Хавана, се сретнал со првиот човек на кубанската полиција

Директорот на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), Џон Ретклиф, престојувал во Хавана каде одржал средби со претставници на кубанското Министерство за внатрешни работи, објави „Си-ен-ен“.

Кубанските власти потврдија дека посетата била организирана по барање на американската страна, а разговорите биле фокусирани на безбедносната и полициската соработка меѓу двете држави.

За време на средбите, кубанската страна порачала дека островот „не претставува закана за националната безбедност на САД“.

Вашингтон засега официјално не ја коментира посетата

Посетата доаѓа во период на силен американски притисок кон Куба. Островот со месеци се соочува со тешка енергетска криза, масовни рестрикции на струја и растечки протести, додека администрацијата на Доналд Трамп дополнително го засили притисокот врз Хавана преку санкции и ограничувања за испорака на гориво.

Само неколку дена претходно, Трамп изјави дека САД и Куба „ќе разговараат“, иако претходно се закануваше со дополнителни мерки против кубанските власти.

Дополнително внимание предизвика и американски владин авион кој бил забележан на аеродромот „Хозе Марти“ во Хавана непосредно пред кубанските власти официјално да ја потврдат посетата.

Кубанците се мислат да прифатат помош од Америка, која и ги доведе во ситуација да им треба помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот