Фото: Images Money / Flickr (CC BY 2.0)

Директорот на БЈБ Јанев за апсењето на инспекторката: Поткупот не смее да биде правило, секој ќе одговара

„Поткупот не смее да биде правило, секој ќе одговара за сторениот криминал, законот е еднаков за сите. Секое противзаконито работење, ќе биде соодветно казнето“, вели во објава на Фејсбук Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, по апсењето на градежната инспекторка во Куманово, која била фатена со 4.000 евра примени како мито.

„Кон крајот на септември, таа при контрола на записник констатирала отстапување од одобрение за градење, но за да на инвеститорот не му издаде решение за запирање на градбата и да не му поднесе соодветна пријава, првично побарала мито од 1.500 евра, а потоа сумата за поткуп ја покачила на 4.000 евра“, соопшти претходно полицијата.

„Ова е уште еден случај кој е показател дека недовосмислено се бориме против митото и корупцијата. Секое противзаконито работење ќе биде соодветно казнето“, пишува Јанев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот