Директорката на градинката и дала усна опомена на воспитувачката што пушташе турбо фолк музика

Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето.​

Воспитувачката која на децата од нејзината воспитна група им пушташе турбо фолк музика добила усна опомена, но на писмено. Истата ќе влезе во досието на воспитувачката. Ова денеска во изјава за „Слободен печат“ го изјави директорката на градинката, Лидија Настевска.

– Направен е вонреден инспекциски надзор од страна на Министерството за труд и социјална политика, но извештајот се уште не е стигнат до нас. Јас можам да ви кажам дека на воспитувачката и дадов опомена и ѝ укажав во иднина да не ја повтори грешката, рече Настевска.

Таа напомена дека станува збор за исклучително посветена воспитувачка која во повеќе наврати децата ги носела во библиотека, во старата скопска чаршија, во противпожарна служба, со цел да им го направи престојот во градинката поинтересен.

– Зошто никој не спомнува дека пред да биде пуштена песната за која толку голема паника се крена, таа на децата им пуштала и македонски народни песни, играле и оро, а им пуштала и класична музика. Јавноста мора да разграничи што е неморално и несоодветно однесување. Можеби изборот на таа песна не е соодветен, но на крајот на краиштата  децата сами си ја побарале таа песна. Можела и да не им ја исполни желбата, но не сакала ниту едно дете да се чувствува занемарено, дополнува директорката на градинката.

Настевска нагласува и дека воспитувачката има голема поддршка од родителите кои се собрале пред градинката за време на инспекцискиот надзор, а замерува што медиумите без дозвола ги објавија децата, нешто што, како што вели самата, се коси со правата на децата и заштитата на лични податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот