Директорка на банка утринава застрелана во Белград, напаѓачот ја погодил со 3 куршуми

Љубица Мичиќ, вработена во Сбербанка, ранета е утринава рано во Ѕвездара, кога непознат маж на скутер ѝ пришол, ја тргнал кацигата и потоа испукал повеќе куршуми кон неа.

Се се одиграло кога тргнала на работа, на само дваесетина метри од зградата во која живее.

Судејќи според профилите на друштвените мрежи, Љубица работи во Сбербанка, со искуство во банкарство. Работела во повеќе приватни фирми, а од 2005 година до 2014 предавала економија во средното училиште Вук Караџиќ.

Во разговор за Курир.рс соседите откриваат дека Љубица била директорка во новобелградската филијала на Сбербанка, дека е разведена и мајка на една ќерка која во моментов е на летување.

Како што тврдат соседите, улицата Бањска е мирна и едносмерна улица, а утринава биле изненадени кога виделе возач на скутер како влегува на улицата од спротивен правец. Кога Љубица се тргнала накај автомобилите, возачот на скутер запрел, ја тргнал кацигата и почнал да пука.

Соседите велат дека Љубица е разведена, но со сопругот е во исклучително добри односи, бидејќи имаат дете така што се сомневаат дека ова може да има врска со семејна кавга.

Прв на помош на Љубица ѝ пришол соседот кој од балкон слушнал вресок на улица, видел дека жена лежи, зграбил пешкир и истрчал да ѝ помогне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот