Директор заработува годишно колку двајца негови вработени во текот на целиот работен век
Извршниот директор на „Стелантис“, Антонио Филоза, заработил 5,4 милиони евра во првата година на чело на оваа автомобилска група. Тоа е износ што одговара на 82-годишната просечна плата на вработен во компанијата. Филоза ја презема функцијата од Карлос Таварес, а неговиот пакет вклучува основна плата од 1,4 милиони евра, дополнителни бенефиции како што се трошоци за транспорт, службени возила и осигурување, како и долгорочни стимулации во вредност од 1,5 милиони евра што треба да се исплатат.
Препорачано
Иако имал право на дополнителни годишни бонуси, тие не биле исплатени бидејќи компанијата минатата година објавила нето загуба од 26,3 милијарди долари.
Просечната годишна плата на вработен во „Стелантис“ е околу 66.000 евра, што значи дека Филоза заработил околу 82 пати повеќе. Сепак, неговите приходи се значително помали во споредба со неговиот претходник. Во 2023 година, Таварес собрал дури 36,5 милиони евра, од кои поголемиот дел потекнува од долгорочни стимулации поврзани со постигнување на целите, вклучувајќи го растот на продажбата на возила со ниски емисии во Европа и почетокот на производството на електрифицирани системи за погон.
Во 2024 година, неговата заработка падна на 23 милиони евра, додека по напуштањето на функцијата доби вкупно 12 милиони евра, вклучувајќи отпремнина и стимулации. Во меѓувреме, работниците во Северна Америка, вклучувајќи ги и членовите на синдикатот UAW, нема да добијат годишен бонус за прв пат по години, бидејќи компанијата објави загуба од 2,2 милијарди долари во регионот. Разликата помеѓу заработката на менаџментот и вработените е повторно во центарот на вниманието во годината што „Стелантис“ ја заврши со голема финансиска загуба- објави Каматица.


