Динамо Загреб ќе гради нов стадион вреден 60 милиони евра

фото: GNK Dinamo

Хрватскиот шампион Динамо Загреб, за кого настапуваат и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски го претстави проектот за нов стадион кој ќе има капацитет од 34.000 седишта, а неговата изградба треба да чини 60 милиони евра.

На најдобриот хрватски тим кој игра одлично во европските купови, а притоа заработува одлично и од продажбата на своите фудбалери, единствена замерка му се дава поради стадионот „Максимир“ чија состојба е катастрофална.

Поради тоа челниците на клубот го зголемија притисокот врз градот Загреб да го забрза проектот за изградба на стадионот кој ќе биде и дом на репрезентацијата. Клубот е подготвен заедно со градот да ја финансира изградбата на новиот „Максимир“ и денеска го претставија новиот стадион.
Новиот „Максимир“ треба да има капацитет од 34.000 седишта, а неговата изградба треба да чини 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот