Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Динамо Киев: Решат Рамадани останува на позајмица во Шкендија

Денеска украинскиот фудбалски клуб Динамо Киев ја извести јавноста дека позајмицата на Решат Рамадани (22) во Шкендија е продолжена.

Играчот од средниот ред ќе продолжи да игра за тетовските „црвено-црни“ и во следните шест месеци со право да игра и во европските купови.

Ова е трета последователна позајмица меѓу двата клуба за Рамадани и четврти договор вкупно меѓу Шкендија и Динамо Киев, вклучувајќи го и трансферот на играчот во Украина во март 2023 година. Првично, во јануари 2024 година, Рамадани се врати во својот матичен клуб на едногодишна позајмица, додека во текот на летото, по квалификациите за фазата од Конференциската лига на УЕФА, соработката беше продолжена до декември.

Досега оваа сезона во Првата македонска лига, Рамадани запиша 10 настапи и еден гол во домашната победа над Башкими (2:1).

ФК Шкендија ќе го одигра последниот контролен натпревар во рамките на подготвителната фаза во Анталија, Турција, во недела.

Во четвртиот и последен дуел од овој циклус, играчите на Јетон Беќири со почеток од 14.00 часот по македонско време ќе се соочат со екипата од Казахстан, Ордабаси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот