Димушевска: Родовата еднаквост во Македонија е далеку од она што би било минимално задоволително

Сè уште, потенцира Димушевска, жените немаат ист пристап во однос на мажите.

Осми Март е Ден а жената и женските права, за којшто многу жени во минатото дури и ги дале своите животи за тоа да биде реалност и она што сега го добиваме со самот раѓање, многу жени порано го немале и требало да се изборат за тоа. Поаѓајќи од таа точка не сметам дека славењето на успехот на овие жени треба да биде еден ден во годината. И тоа нанесоодветен начин на  славење е по кафеани, патувања и слично, вели „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Елена Димушевска, извршен директор во Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

-Мислам дека треба да разговараме и работиме на тоа да се најдат посоодветни начини не да се прослави туку да се одбележи овој празник. Од друга страна за овие теми треба почесо да зборуваме. 8 Март колку и да е ден за одбележување, сепак не е единствениот ден кога женските права треба да бидат тема на разговор. Иако ги имаме оние основни права за кои што тие се бореле, родовата еднаквост во Македонија е далеку од она што би било минимално задоволително- вели Димушевска.

Сè уште, потенцира Димушевска, жените немаат ист пристап во однос на мажите.

-За тоа сите треба да разговараме и да најдеме начин како да се едуцираат жените за значењето на овој празник и тоа заедно со медиумите да се прави тековно- рече Елена Димушевска, извршен директор во Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, коментирајќи го нашиот менаталитет за прослави на еден ден од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот