Димитров: Прашањата за идентитетот не може да бидат услов за нашиот пат кон Европа

Северна Македонија ја поздравува конзистентната поддршка на Република Бугарија за проширување на Европската Унија кон земјите на Западен Балкан. Исто така, сметаме дека почитувањето на Договорот за добрососедство од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ. Во духот на европските вредности цениме дека двете страни треба да се воздржат од условувања кои не водат кон унапредување на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Ова го вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за Дојче Веле на македонски јазик и Радио Слободна Европа, коментирајќи ја поддршката од Бугарија за почеток на преговори со ЕУ на нашата држава со одредени дадени услови.

-Со Договорот за пријателство и добрососедство почнавме еден многу важен историски процес на спријателување и зближување. Ако сакаме да успее тој процес треба да постои разбирање за другиот. Разбирањето за  заедничката историја, мора да оди заедно со разбирањето за денешнината и иднината. За нас е од суштинска важност нашиот македонски идентитет – ние сме македонски народ и зборуваме на македонски јазик, наведува Димитров.

Прочитајте и...  Сите во своите домови, започна 80-часовниот карантин

Евроинтеграцискиот пат на нашата земја, додава тој, претставува заеднички успех, што е причина повеќе тој да биде мост при создавањето атмосфера на доверба и соработка каква што беше создадена при потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство.

-Добрите односи и членството во ЕУ подразбираат заемно почитување на двата народа. Потребно е со заеднички сили да се работи на решенија кои ќе обезбедуваат почит и достоинство за двете страни, избегнувајќи изјави кои може да предизвикаат навреда или вознемиреност кај соседите. Сметаме дека не смее да биде доведена во прашање европскатата иднина на Северна Македонија и прашањата поврзани со идентитетот на македонскиот народ не може да бидат услов за нашиот пат кон Европа, особено не во 2019 година и не во Европската Унија. Ние имаме право на самоопределување. Визијата на Софија ќе се поклопи со нашата визија, со заедничко разбирање за грижите на другиот. Историјата ќе не памти спрема тоа како сме се однесувале кон иднината, посочува шефот на дипломатијата Никола Димитров. 

Прочитајте и...  Пекевски: Берово е отворен град за туристите, но секој мора да носи заштитна маска

Прочитај повеќе

Илир Мета: Соживотот меѓу Албанците и Србите е во интерес на мирот, стабилноста и европската перспектива на регионот

Слободен печат

Ердоган го послуша народот- нема полициски час за време на викендот

Слободен печат

Жителите на „Жданец” и „Трнодол” вечерва без вода

Слободен печат

Министерство за здравство демантира дека Филипче прикрил 20- тина случаи со ковид-19

Слободен печат

Кандидатите за ректор на УКИМ бараат да прекине постапката за избор на ректор

Слободен печат

Велика Британија е втора земја во светот со повеќе од 40 илјади смртни случаи од Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Италија се зголемува бројот на новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Обраќање на Николовски: Сите имаме мајки, роднини и блиски кои може да го загубат животот од овој вирус

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата

Слободен печат

Американските милијардери пандемијата ги направи побогати за 565 милијарди долари

Слободен печат

Пекевски: Берово е отворен град за туристите, но секој мора да носи заштитна маска

Слободен печат