Димитријевиќ прв стрелец во победата на Уникс Казан во ВТБ лигата

фото: Ксения Богданова (БК "УНИКС")

После репрезентативните обврски во квалификациите за ЕП 2025, Ненад Димитријевиќ им се врати на клупските со Уникс Казан.

Во рамките од ВТБ лигата кошаркарите на Уникс Казан триумфираа денеска против Локомотив Кубан со 80:76.

Прв стрелец во победата беше македонскиот репрезентативец Димитријевиќ со 23 поени за скоро 30 минути игра, по една асистенција и украдена топка.

На спротивната страна најефикасен беше Џејлен Барфорд со 33 поени. Моментно на табелата води Уникс Казан, пред второпласираната ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ.

Токму ЦСКА Москва и Уникс Казан ќе играат меѓусебе во следното коло на 5 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот