Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Димитриевски пред заминување во јануари, половина Европа ја следи ситуацијата

Шпанскиот спортски дневник „АС“ објави дека македонскиот репрезентативен голман е под лупа на неколку европски клубови, кои внимателно ја следат неговата ситуација во Валенсија и ја чекаат својата шанса во јануарскиот преоден рок.

Според весникот, Клуб Бриж, Џенова и Борнмут се екипите кои се најсериозно заинтересирани и подготвени да реагираат доколку Димитриевски одлучи да ја напушти „Местаља“. Вчера тој го прослави 32. роденден, а покрај бројните честитки, неговиот телефон бил „жешка линија“ и за клубови што сакаат да го видат во своите редови.

Јасно е дека Димитриевски нема реална шанса да ја преземе улогата на прв голман пред Хулен Агирезабала, па сè поизвесно е дека ќе мора да побара нова средина, особено по односот што Валенсија го покажа кон него. Искрените пораки кои ги упати за време на престојот во Македонија дополнително ја подгреваат приказната за можна разделба со шпанскиот клуб.

Од споменатите опции, најпримамлива изгледа таа со Борнмут, каде што би добил можност да брани во Премиер лигата. Атрактивна е и варијантата со Џенова, клуб со кој македонската јавност има убави спомени преку Горан Пандев, додека Клуб Бриж нуди настапи во Лигата на шампионите, иако таму Димитриевски би бил надвор од поголемо медиумско внимание.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот