Димитриевска за жалбата на ОЈО за сообраќајката кај Млечен: Ми се потврдија поплаките за обвинителката и судијката!

Оштетената во сообраќајката кај Млечниот ресторан, Наташа Димитриевска, за Слободен печат оценува дека од она што го прочитала во соопштението на ОЈО-Скопје, кое се жали до Апелација за пресудата, особено за казната за сторителот, може да се заклучи дека нејзе и се прифатени аргументите кои ги навела во пријавите за обвинителката Снежана Бундалевска и судијката Елена Јосифовиќ, кои неодамна ги поднесе до Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.

– Задоволна сум што е запазен рокот за жалба до Апелациониот суд. Сепак треба да ја прочитам целосно жалбата, чекам да ја добијам. Од она што го видов, во соопштението не се опфатени сите олеснителни и отежителни околности кои претходно беа наведени во пресудата. Ќе почекам да ја видам жалбата како структура. Според сега кажаното, во жалбата ми е прифатена содржината од претставките поднесени до Советот на јавни обвинители и Судскиот совет, изјави Димитриевска.

Прочитајте и...  Министерството за одрбана на Русија ќе отвори претставништво во Србија за јакнење на воените врски

Денеска од Обвинителство соопштија дека ќе поднесат жалба за пресудата, со која сторителот доби условна затворска казна од две години, доколку во наредните пет години не направи ново кривично дело, бидејќи ја признал вината. Обвинителството делото го оквалификува како дело од небрежност, а не со умисла.

Јавниот обвинител предложи Апелациониот суд да изрече построг вид и висина на кривична санкција за обвинетото лице, односно казна затвор, како главна казна. Гледајќи од аспект на пропустите на обвинетиот во сферата на сообраќајните правила, повредувајќи ги примарните сообраќајни начела за безбедно учество во сообраќајот, како и тежината и степенот на загрозување на правното заштитено добро, изразено преку тешките последици кои резултирале од сообраќајната незгода, јавниот обвинител оцени дека е неминовна потребата на обвинетиот да му се изрече и забрана за управување со моторно возило, соопштија од Обвинителството.

Прочитајте и...  ММФ: И покрај ковид-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката

Претходно Димитриевска поднесе пријава до Советот на јавни обвинители, велејќи дека обвинителката сторила тешка дисциплинска повреда, не ги прибавила сите неопходни медицински документи, не го обвинила Васил Ч. за неукажување помош на повредено лице и предоцна го покренала обвинението. Особено е револтирана што Обвинителството смета дека делото е сторено од небрежност, а не со умисла.

Таа поднесе пријава до Судскиот совет за работата на судијката Елена Јосифовиќ, констатирајќи дека пресудата била пристрасна, а од Советот вчера известија дека ја разгледуваат пријавата.

Поврзани вести

Инцидент во Србија: Фрлена бомба врз полициска станица во Србобран, нема повредени

Слободен печат

ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Слободен печат

Брнабиќ со застрашувачка вест за Србија: Само вечерва имаме 400 заболени со ковид-19

Слободен печат

Видео: Енормно високи бројки на заразени во Франција

Слободен печат

Поради „постојана кашлица“: Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија

Слободен печат

Бугарски медиуми: Претседателот Радев во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар