ФОТО | Неверојатен подвиг на Димитар Атанасовски на минусни температури на планина, Сара Мејс остана во чудо
Водителот Димитар Атанасовски направи нешто неверојатно на ниски температури, а неговата сопруга, Сара Мејс го сними овој негов подвиг.
Препорачано
Традиционално, Димитар од спа центар секоја зима излегува надвор и легнува на снег облечен само по шорцеви за капење. Харфистката и пејачка Сара Мејс со сопругот и со децата е на зимски одмор во Копаоник, Србија и го сними моментот кога Димитар од базен оди на снегот и легнува неколку секунди.
„Диме, ти си наша икона“, му рече Сара на Димитар додека го снимаше, а потоа откако изброи до десет му рече: „Доста ти е, ќе се разболиш“.

Сара и Димитар имаат две деца, Илина и Кирил, со кои поминуваат квалитетно време заедно, и често ги објавуваат нивните заеднички излети или едукативни домашни игри на социјалните мрежи.
Во интервју за „Слободен печат“, Сара неодамна изјави дека мајчинството стопроцентно ја променило.
„Речиси ништо не остана од старата Сара. Остана суштината, секако љубовта и секогаш спремноста да се гине за работите што се сакаат, но ме научи на многу важни работи, како на пример, уште повеќе да си го почитувам времето, спокојот. Не се опишува начинот на кој те менува мајчинството, тоа е една магија што е индивидуално патешествие и може да се разбере само кога ќе се доживее“, изјави музичарката, која е во брак со Димитар Атанасовски од 2017 година.


