ДИК одобри акредитации за над 1.200 набљудувачи за локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи за локалните избори закажани на 19 октомври, соопшти претседателот на Комисијата, Борис Кондарко.
Препорачано
Тој информира дека околу девет илјади граѓани ќе гласаат од дома – болни, немоќни, изнемоштени лица, а конечниот список ќе биде објавен најдоцна до задутре на веб-страницата на ДИК.
На 143-та седница, Комисијата одобри и дополнителни набљудувачи за различни организации, вклучувајќи Младински културен центар-Битола, Институтот Ромалитико, Демокраси лаб-Тетово, Национален ромски центар-Куманово, ЦСИА Битола, како и набљудувачи од Косово и други здруженија.
ДИК исто така утврди техничка корекција на образецот 13г за предавање на уредите за биометриска идентификација, за да се избегне забуна при ракувањето со доверлив материјал.
Воедно, три приговори за лично избирачко право беа одбиени, бидејќи не исполнувале законски услови или лицата веќе биле запишани во Избирачкиот список.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
26мин
-
57мин
-
60мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


