Прес-конференција на ДИК, Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Методи Здравев

ДИК го одби приговорот на Хаќим Рамадани за гласањето на пет избирачки места во Брвеница

Членовите на ДИК едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за Општина Брвеница за пет избирачки места во оваа општина. Ангелчо Ристов член на ДИК образложи дека приговорот содржи недостатоци, бидејќи е поднесен од кандидат за градоначалник, а според законот треба да го поднесе подносителот на кандидатската листа. Членовите на ДИК приговорот го отфрлија како недозволен.

Во тек е разгледувањето на 16 приговори кои се доставени до Државната изборна комисија (ДИК) за постапките за гласање и за сумирање на резултати во три општини – Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.

За Општина Шуто Оризари поднесени се 13 приговори, од кои 10 се од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, а три приговори се од Сојузот на Роми.

Од страна на ДИК беше отворен избирачкиот материјал за Избирачко место 2956, бидејќи имало сомнежи за несовпаѓање на две гласачки ливчиња. Откако беа преброени гласачките ливчиња од гласањето на избирачкото место, неискористените гласачки ливчиња и целокупниот изборен материјал, членовите на ДИК констатираа дека нема утврдено гласачко ливче повеќе, и ова не претставува основа за поништување на гласањето на ИМ 29 56 во Општина Шуто Оризари. Според нив, единствено што треба да се направи промена е бројот на гласовите за кандидатот со реден број 9 кој има два гласа помалку, а неважечки ливчиња не се осум, туку се вкупно 10. Членовите на ДИК овој приговор го одбија.

Во тек е броењето на гласачките ливчиња и анализа на целиот изборен материјал за ИМ 29 71 во Општина Шуто Оризари, а за кој подносител е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Членовите на ДИК на 156 седница разгледуваат 16 приговори за општините Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот