Џулија Робертс поставува нови модни стандарди: Нејзината маска е апсолутен хит! (ФОТО)

профимедиа

Актерката Џулија Робертс (52) е забележана во еден супермаркет во Малибу, облечена во фармерки и црна јакна, додека на рацете носеше ракавици, а на лицето заштитна маска и очила.

На никого не можеше да му „избега“ нејзината црна маска со уметнични детали. Сите лица кои носат маска, а сепак се трудат да бидат тренди или пак забележани со цел да ја подигнат свеста, се одлучија да набават маски кои секој ќе ги забележи.

Откако е прогласена пандемија на коронавирусот, актерката својот профил го користи со цел да апелира до луѓето да останат во домот.

профимедиа

„#останидома поради моето семејство, малите бизниси, поради медицинските работници ширум светот, поради мојот неверојатен 95-годишен комшија“.

„Останувам дома со цел да дојдеме до решение. Сите, останете во домот. Тоа е правилното нешто!“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот