Џони Деп повторно зад микрофонот: Со Џеф Бек го обработија класикот на Џон Ленон „Isolation“ (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Холивудската ѕвезда Џони Деп и големата гитарска легенда Џеф Бек објавија своја верзија од познатата песна „Isolation“ на Џон Ленон.

Според информациите, ова дуо веќе со години работи заедно на нова музика, а нивната верзија на „Isolation“ од 1970–тите години е прв сингл објавен од страна на Деп и Бек.

Во оваа верзија Џони Деп пее, додека Бек свири на гитара, на тапаните е Вино Клјота, а бас гитара свири Ронда Смит.

– Џеф Бек и јас минатата година ја снимивме оваа песна како наш придонес за прекрасната мелодија на единствениот Џон Ленон – изјави Џони Деп, коментирајќи ја оваа песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот