Џон Бон Џови отвори ресторан за студенти кои не можат да си дозволат пристоен оброк

Фото Инстаграм

Музичката ѕвезда со неговата сопруга отворија ресторан со формула „плати што сакаш“. Еве како работи ресторанот.

Со својата фондација JBJ Soul, американскиот музичар Џон Бон Џови со години работи на помош за сиромашните и бездомниците; но новата кампања на еден од најомилените рок-бунтовници, е насочена кон посебна категорија: безбројните студенти на колеџите кои често не можат да си дозволат пристоен оброк во Америка.

А, ги има многу: речиси 45 отсто од студентската популација, според извештајот од минатата година, не можат да си дозволат пристен оброк во САД. Затоа, Бон Џови со сопругата отворија ресторан со слоганот „плати-што-сакаш“. Ресторанот е сместен на кампусот на универзитетот „Рутгерс“ во Њу Џерси.

 

Работи како вообичаен ресторан, со готвачи и келнери, но на менито, нема цени. Оние што можат да си дозволат, се охрабруваат да остават 12 долари за оброк кој вклучува три порции, додека оние кои не можат да си го дозволат трошокот, можат да „платат“ преку општествено корисни работи реализирани во рамките на ресторанот, универзитетот или во кој било друг објект во градот.

Од богатите студенти пак, се бара, доколку е можно, да остават донацијанад 12 долари за да можат да помогнат да се плати за оброкот на студентите кои немаат пари.

 

– Достоинство и почит, тоа е целта на овој ресторан – објаснил сопругата на Бон Џови, Доротеја, која е „мозокот“ на проектот. –  Студентите веќе имаат многу проблеми со кои треба да се справат, а тоа како да се добие следниот оброк не мора да биде на списокот.

Со истиот концепт за угостителство веќе експериментирал рокерот и неговата сопруга изминативе години: првата JBJ Soul Kitchen со формулата „плати што сакаш“ била успешно отворена во 2011 година, и само минатата година биле послужени 100 илјади оброци. Со оглед на успехот, сега идејата (благодарение на соработката со гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, долгогодишен пријател на Бон Џови) се прилагодило на универзитетските кампуси.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот