Џилијан Андерсон е актерката што најдобро ја отелотвори Маргарет Тачер

Instagram

Откако се појави на светската актерска сцена во 90-тите години на минатиот век, во хит серијата „The X-Files“, Џилијан Андерсон не престана да го воодушевува светот со својот талент и извонредна енергија.

 Улогата на првата британска премиерка Маргарет Тачер во серијата „The Crown“, која со целосна доверба ѝ била доделена на Џилијан Андерсон ги надмина сите очекувања. Многумина ќе се согласат дека тоа е една од најважните улоги во нејзината кариера.

Instagram
Instagram

Нејзината улога на детективот Дана Скали во „The X-Files“ беше навистина успешна со што Џилијан освои неколку награди за актерска игра, но благодарение на таа улога доби и низа нови успешни улоги. Детективката Стела Гибсон во серијата „Fall“, а потоа и беспрекорната секс терапевртка Џин Милбурн во серијата „Sex Education“.

Instagram
Instagram

Американската актерка која поголемиот дел од својот живот го помина во Лондон, вели дека приватноста е најважната работа во нејзиниот живот и се труди да го задржи приватниот живот за себе.

Сепак, понекогаш на социјалните мрежи споделува забавни моменти од нејзиниот живот. Еднаш таа со своите обожаватели сподели дека по нејзината улога во серијата „Sex Education“ добила понуда да постави своја сопствена линија на сексуални помагала.

Сè уште не се сеќавам зошто го одбив тоа“, откри 52-годишната актерка низ смеа.

Instagram
Сцена од серијата „Sex Education“ / Instagram

Како што откри во своето последно интервју, навистина ѝ е важен нејзиниот изглед, утринските рутини кои никогаш не ги прескокнува, но од друга страна, таа сподели дека се труди да најде начин достоинствено да ужива во својата возраст и старост.

Мајка ми секогаш зборуваше за мојата прабаба Роуз, која имала многу убава кожа. Од друга страна, честопати знаев да заспијам со шминка, а и секогаш кога сум на снимање ме потсетуваат дека кожата ми е многу сува“, откри таа.

Актерката вели дека кога станува збор за улогите што сака да ги добие е самоуверена за нејзиниот изглед.

Instagram
Instagram

Сега сè е поинаку отколку што беше пред десет или петнаесет години. Тогаш, жените на моја возраст, особено на телевизија, се бореа со раце и нозе да добијат улога, но сега ситуацијата е поинаква, има многу добри улоги и тешко е да не бидеш малку пребирлива“, вели Андерсон.

Со цело право да се биде избрилив, но мора да се спомене и дека директорот на кастингот за серијата „The Crown“ самиот изјави дека Џилијан Андерсон му била прв избор за улогата на Маргарет Тачер, оддавајќи ѝ големо признание.

Instagram
Instagram

За да можат што подобро да ја одиграат својата улога, актерите треба да чувствуваат емпатија, особено кога станува збор за улога на човек кој постоел во минатото. Веста дека таа ќе ја отелотвори првата британска премиерка ја примила со воздржаност.

Моето семејство се пресели во Америка во 1979 година, кога и таа самата дојде на власт, и мислам дека не би било поинаку ако останевме тука. Јас едноставно немав мислење за неа. Слушнав само силни реакции на одредени луѓе за нејзините политички одлуки“, вели актерката.

Со помош на истражувачкиот тим на „The Crown“ таа успеала да ја рекреира и во целост да се соживее со улогата на Маргарет Тачер, потопувајќи се во карактерот до степен на совршенство.

Таа имаше друга боја на глас кога се шегуваше со министрите, како и кога ќе се појавеше на конференции. Потоа, таа го креваше својот глас и проповедаше. Одлучив да ги балансирам тие работи, наместо да се заплеткувам во различни верзии на нејзиниот глас за различни сцени“, истакна Џилијан.

Иако во претходните три сезони на серијата, премиерите на Велика Британија имаа помала присутност во дејството, Маргарет Тачер сепак доби повеќе простор. Во првите пет епизоди таа е во центарот на настаните, како заради семејниот живот, така и заради нејзините одлуки за војната во Фокланд.

Instagram
Фотографија од снимањето на „The Crown“ / Instagram

Но, Џилијан Андерсон верува дека не можела да ужива во таа улога во целост ако не ги тргнела настрана политичките склоности.

Ако создадев предрасуди за тоа каква била како родител или како ја водела земјата, тоа многу ќе влијаеше на мене и на одредени сцени, па затоа сметав дека е многу важно за мене како актрка да го оставам сето тоа настрана“, истакна Андерсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот