Џејмс Франко ќе плати 2,2 милиони долари за спогодба во случајот за сексуално вознемирување

џејмс франко
Фото: EPA-EFE/JUAN HERRERO

Познатиот американски актер Џејмс Франко се согласил да плати 2,2 милиони американски долари за вонсудска спогодба за покренатата постапка против него за несоодветно сексуално однесување, пренесува „Би-Би-Си“.

Сара Титер-Каплан и Тони Гал, кои го посетувале училиштето за глума „Playhouse West Studio 4“ во сопственост на актерот, поднесоа кривична пријава во судот во Лос Анџелес во октомври 2019 година за непристојно однесување во сексуална конотација.

Џејмс Франко обвинет за сексуално вознемирување на свои студентки

Адвокатите на Франко ги окарактеризираа нивните тврдења како лажни, намерно потенцирани, но без сомнение имаа полни раце работа. Така, актерот наводно ја злоупотребил својата позиција, нагласувајќи дека може да им даде шанса да добијат улога во негов филм…

Студентките тврдеа дека биле жртви на измама затоа што плаќале за училиште, а за возврат биле третирани како сексуални предмети и биле малтретирани. Странските медиуми пишуваа дека во училиштето на Франко се случувале многу непристојни работи.

Џејмс Франко во свој стил одговори за обвинувањата за секусално вознемирување – Сите сакаат реклама преку мене!

Во февруари беше објавено дека ѕвездата постигнала договор со двете студенти, но деталите не беа објавени до вчера.

Според судскиот извештај, нивната спогодба сега ќе биде приложена пред судија кој ќе мора да донесе одлука, а ако ја прифати спогодбата, Титер-Каплан ќе добие 670.500, а Гал 223.500 долари.
Останатите 1.341.000 американски долари ќе бидат поделени меѓу другите студентки кои учествувале во овој судски процес, кои за јавноста останаа анонимни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Franco (@officialjamesfrancoo)

Иако обвинетиот ги негира обвинувањата, тој признава дека тие потенцираат важни прашања, и обете страни се согласуваат дека сега е време да се фокусираат и да започнат со решавање на прашањето за злоупотребата на жените во Холивуд. Секој се согласува дека никој во забавната индустрија не треба да биде изложен на злоупотреба и дискриминација, без оглед на полот, религијата, расата, сексуалната ориентација или попреченост“, стои во изјавата за „Variety“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот